
Јапонската компанија „Тојота“ објави дека ќе повлече околу 188.000 автомобили поради можна неисправност на воздушните перничиња.


Јапонската компанија „Тојота“ објави дека ќе повлече околу 188.000 автомобили поради можна неисправност на воздушните перничиња.
Со одлуката се опфатени пикап и теренски возила и автомобили кај кои постои ризик од неактивирање на воздушните перничиња во случај на судар.
Се повлекуваат пикап моделите „тундра“ од 2018 година, теренското возила „секвоја“, а од автомобилите „авалон седан“.
Компанијата наведува дека 185.000 од ризичните возила се во Северна Америка, а 2.600 во други земји. „Тојота“ ќе ги извести сопствениците за ажурирање на софтверот за воздушните перничиња на нејзините возила, а се очекува процесот да почне на 22 октомври.