4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром ќе формира партиципативно тело за урбанизам

Општина Аеродром ќе формира партиципативно тело за урбанизам

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин иницира формирање партиципативно тело во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.

– На овој начин заеднички ќе ги штитме интересите на жителите на Аеродром, рече градоначалникот Марин на денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, одржана на негово барање. На седницата се разгледуваше носењето на ДУП И10, со посебен осврт на парцелата кај Мајчин дом.

Марин издаде решение за привремено стопирање на градежните активности. Општина Аеродром, како што рече, активно работи на изнаоѓање трајно решение во врска со изградбата на зградата кај Мајчин дом и ги продолжува разговорите со инвеститорот, Град Скопје и со останатите надлежни институции и засегнати страни.

– Пред повеќе од една година, кога претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе спорниот ДУП И10, јас цврсто застанав на страната на граѓаните. Заедно со нив ја почнавме борбата за зачувување на зеленилото пред Мајчин дом. И денеска сум на страната на граѓаните и заеднички бараме решение на проблемите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ, рече Марин.

Во изминатата година се поднесени 13 претставки за ДУП И10 до Уставниот суд, кој до денеска нема донесено одлука за овој случај. Општина Аеродром активно соработува со судот, каде се доставени сите документи од интерната ревизија за овој ДУП.

По седницата на Советот, се одржа форум со граѓаните на општина Аеродром кои ги кажаа своите ставови и предлози за ова прашање. Тие потенцираа дека треба да се најде решение за спорната парцела, но без да се загрози понатамошната работа на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП