19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД планира да го ограничи трансферот на нуклеарна технологија кон Кина

САД планира да го ограничи трансферот на нуклеарна технологија кон Кина

Во името на националната безбедност, САД ќе ги ограничи трансферите на нуклеарна технологија кон Кина за да се „избегне нелегалното пренасочување за воени и неовластени цели“, соопшти американското Mинистерство за енергетика, цитирано од „AFP“.

„Овие мерки за национална безбедност се плод на ревизијата на владината политика, преземена поради загриженост од напорите на Кина да се здобие со нуклеарен материјал, опрема и напредна технологија од американски компании“, истакна во соопштението министерството во момент кога Вашингтон е во подемот во сестраната офанзива против Пекинг поради трговската војна.

Предлогот беше поттикнат од забрзаните напори на Кина за купување американска интелектуална сопственост на штета на американските бизнис и американските воени интереси, објави агенцијата.

„САД не можат да ги игнорираат последиците за националната безбедност од напорите на Кина да добие нуклеарна технологија надвор од воспоставените процедури за американско-кинеската цивилна нуклеарна соработка“, истакна во изјава министерот за енергетика, Рик Пери, цитиран од агенциите.

Новата политика влегува во сила веднаш и ги поставува упатствата за разгледување на сите постоечки и идни трансфери на технологии кон Кина, велат официјалните претставници на министерството. Тие истакнаа дека огромното мнозинство на постојните трансфери на технологии одобрени пред 1-ви јануари 2018-та, најверојатно, нема да се променат.

Американскиот нуклеарен извоз кон Кина изнесуваше 170 милиони долари во 2017-та година, објави „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП