18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА,,Петок за млади” во Фондот за иновации и технолошки развој

,,Петок за млади” во Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој започнува со нова иницијатива – #Петок за млади @ФИТР. Со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите, меѓу другото, редовно ќе се организираат иновативни тематски работилници со ученици од основни и средни училишта.

Утре ќе се одрѓи презентација на победничките проекти на учениците од пет средни училишта кои ги креираа во рамките на работилницата за социјално претприемништво UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ.

Меѓу нив се и проектите за подгигнување на еколошката свест: „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ и „Бон тон правила за животна околина“, проектот „Дружење без граници“ за поддршка на деца со посебни потреби, проектот за здрава храна „Енергични бомбици“ и проектот „Динамик дуо“ за обновливи енергии. Потоа следува и заедничка креативна работилница. Специјални гости ќе ни бидат ученици од ОУ ,,Димитар Миладинов“ од Скопје.

Оваа иницијатива е дел од новата програма на ФИТР – #Млади со која ќе се вклучат младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да развијат критичка мисла, да се научат да развиваат иновативни проекти преку дружење и интеракција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП