
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекува брзината на ветерот да достигнува до околу 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.

