7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел бара тутунските компании да финансираат чистење на улиците од догорчиња

Брисел бара тутунските компании да финансираат чистење на улиците од догорчиња

Градските власти во Брисел побараа од тутунските компании да ги финансираат трошоците за собирање догорчиња на улиците.

По тој повод локалните власти испратија писмо до подружницата на еден американски производител, како и до белгиските компании што произведуваат цигари.

Властите бараат од компаниите да учествуваат во покривање на трошоците од 200.000 евра, кои се потрошени за собирање догорчиња на улиците.

Речиси 10 милиони догорчиња се фрлаат дневно низ цела Белгија, особено во Брисел и неговата околина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП