28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс: Три вештини кои ги научив од Ворен Бафет

Бил Гејтс: Три вештини кои ги научив од Ворен Бафет

bil2

Бил Гејтс се придружи на деловната социјална мрежа „LinkedIn“, откривајќи на својот прв пост три вештини кои ги научил од Ворен Бафет.

Неговиот пост е дел од „LinkedIn“ програмата за највлијателни луѓе, платформа на која членовите коментираат за деловни теми, без ограничување.

На постот на Гејтс е воочливо и неговото пријателство со Бафет, а тој признава дека дури и му се обраќа на Бафет за тешките одлуки околу „Microsoft“ и Гејтс фондацијата. Така од Бафет ги научил следниве три совети:

Не е се во инвестирањето 

Ворен тврди дека акционерот мора да реагира како да го поседува комплетниот бизнис, следејќи го идниот тек на профитот и да одлучи што е вредно. „Морате да бидете подготвени да го игнорирате пазарот, пред да го следите, за да ги избегнете грешките на пазарите – компаниите кои се потценети“.

Користете сопствена платформа

Бафет на свиоте годишни говори пред акционерите, користејќи ја природната духовитост, успешно ги советува луѓето како подобро да инвестираат, притоа без двоумење да упатат критика и да заземат став. На пример, тој се залагаше за зголемување на данокот на богатите, иако тоа е директно спротивно од неговиот личен интерес.

Вредноста на времето кое го имаме

Секој ден трае 24 часа и колку пари и да имаме, додатното време не може да се купи. Ворен е многу остроумен по ова прашање, тој не дозволува календарот да му се пополни со бескорисни часови, а, од друга страна, многу е дарежлив кон луѓето на кои им верува.

Неговите најблиски советници го имаат неговиот телефон и тој ќе одговори на нивните повици во секое време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП