29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако најбезболно да го отпуштите вашиот работник?

Како најбезболно да го отпуштите вашиот работник?

Да се разбереме – отпуштањето на работник е неблагородна работа… тоа го знаат сите менаџери/претприемачи. Никаде нема да најдете совршен начин да соопштите ваква вест.

Но она што го знааат сите е дека донесувањето на важни одлуки е составен дел на бизнисот и тука нема место за емоции.

Следните 5 точки ќе го направат самиот чин на отпуштање од работа најмалку драматичен и најбезболен за сите:

1. Не давајте отказ во вашата канцеларија – во случаи кога вработениот одбива да ја прифати реалноста и сака да продолжите со разговорот, вие секогаш може да заминете.

2. Бидете кратки и јасни – Веднаш штом ќе влезете, кажете „Причината зошто доаѓам тука е да ви соопштам дека ова е последниот ваш работен ден во оваа компанија…“. Ова ги прескокнува клишеата и „празните муабети“ околу целата незгодна ситуација. Подоцна доколку сакате, може детално да ги објаснувате и разјаснувате сите детали.

3. Не отпуштајте во петоците – дајте му на лицето време да ги согледа последиците од своите постапки пред да започне викендот и неработните денови. Така и тој/таа ќе се чувствува подобро.

4. Бидете подготвени на се – понекогаш некои луѓе тешко го поднесуваат отказот и може да изреагираат неубаво, да се закануваат или да ви запретат со правни постапки против вас или компанијата. Оставете ги да им помине лутината, и не сваќајте ги премногу сериозно. Доколку ова продолжи и во иднина, побарајте правни и стручни консултации.

5. Без емоции – приватно, можеби ќе сакате или морате да се среќавате со лицето што сте го отпуштиле, и тоа е во ред, дури и разговор за отпуштањето по самиот чин на отказот, но инсистирајте на напуштање на просториите кога лицето ќе биде отпуштено.

На крајот на краиштата – секогаш трудете се да бидете што е можно попрофесионални. На тој начин никој нема да ви замери доколку вистинската одлука е во интерес на бизнисот… сепак тоа е и суштинската цел на работењето на било која организација.

Отпуштениот работник не значи казнување, туку можност за идно подобрување кон подобар кадар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП