3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко

Почнува аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември 2018 година, односно за трета фаза млеко.

Рокот за поднесување на барањата е до 5- ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Исто така, на 5 ноември завршува и рокот за поднесување на барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од 1 мај до 30 септември оваа година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта.

Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП