2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖени, барајте зголемување на платата на машки начин

Жени, барајте зголемување на платата на машки начин

zensko1

Експертите за кариера истакнуваат дека жените имаат емоционален однос кон работата, па така, мала е веројатноста дека ќе го побараат она што го сакаат, од страв дека со тоа ќе се повредат себеси или другите.

Меѓутоа, мажите лесно ја разделуваат работата од она што се тие. Барање на повисока плата за нив, едноставно, е предизвик. Зошто тогаш не би научиле нешто од нив?

Не би било лошо да украдете некои трикови од мажите и да ги примените следниот пат кога ќе барате подобра плата.

Не чекајте- барајте

Директорите не се професори во училиште па да се должни да ви ја дадат оценката која ја заслужувате. Ако сакате подобар компјутер, поудобна столица или подобра плата, едноставно, морате да ја побарате. Обидете се, ништо не губите.

Зголемување на самодовербата

Шефовите не се платени да губат време. Барањето подобра плата е проект како и било кој друг. Затоа, пред тоа составете листа со примери – што се сте направиле досега за да и донесете поголема заработувачка на компанијата или можеби за да ја спасите од пропаст. Нагласете ја и својата лојалност.

Целите високо

Трпението и скромноста не се машки особини. Ако размислувате кога повторно да барате зголемување и колку да предложите, послушајте ги експертите за кариера од спротивниот пол. Тие велат дека шест месеци до една година е разумен рок повторно да се бара унапредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП