20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција воведува квоти за увоз на челик

Турција воведува квоти за увоз на челик

Турција ја извести Светската трговска организација (СТО) дека од 17 октомври ќе воведе квоти за увоз на челик за да ја заштити домашната индустрија за челик.

„Заштитните мерки се последица на непредвидливите настани што директно влијаеја на количината увоз на споменатите производи во Турција“, се наведува во поднесокот на турското Министерство за трговија доставено до СТО.

Турција е атрактивен пазар за производи од челик кои се предмет на сè поголем број заштитни мерки.

„Токму тие мерки, кои почнаа да се применуваат во светот, предизвикаа зголемен прилив на челик во Турција“, се додава во документот.

Соединетите Американски Држави во август двапати ги зголемија тарифите за алуминиумот и челикот од Турција, кои сега изнесуваат 20 проценти за алуминиумот и 50 за челикoт. Трговскиот спор помеѓу Анкара и Вашингтон изби во март кога американскиот претседател, Доналд Трамп, првпат воведе 10-отстотна и 25-отстотна царина на увоз на челик и алуминиум за земјите што се трговски партнери на САД, меѓу кои и Турција. Официјална Анкара тогаш соопшти дека тарифите се неприфатливи и најави контрамерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП