13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионалниот центар за иновации ќе им помогне на малите компании поефикасно да...

Регионалниот центар за иновации ќе им помогне на малите компании поефикасно да ги користат фондовите на ЕУ

Министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима, Зоран Шапуриќ, оствари средба со Луиџи А. ДелАквила, раководител за европски фондови на Европската академија на региони и директорот на Finnova, Хуан Мануел Равуелта Перез.

На средбата присуствувале и шпанскиот амбасадор, Емилио Лоренцо Сера, како и Ксенија Вангелова, директорка на Регионалниот бизнис центар за иноваци.

Како што информираат од кабинетот на министерот, на средбата се разговарало за досегашните активности за отворање на Првиот регионален центар за иновации, како и за понатамошна соработка за развивање на овој проект, помеѓу централните и локалните институции, бизнис секторот и науката.

„Овие активности ќе бидат во насока на едукација на малите и средните копмании за поефикасно и поефективно користење повеќе видови на финасиска подршка од Европската Унија. Сите инволвирани страни во иднина ќе работат на реализација на бенефитите на иновациите и обуките. Ова е добра шанса и за start up комании, особено за младите“, се наведува во соопштението на кабинетот.

Министерот Шапуриќ им се заблагодарил на гостите за нивниот досегашен ангажман за реализација на овој проект и нагласил дека овие активности ќе влијаат за унапредување на бизнис климата во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП