17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Потребни се европски глобални играчи во технолошкиот сектор

Меркел: Потребни се европски глобални играчи во технолошкиот сектор

Германскиот канцелар Ангела Меркел повика за забрзување на корпоративните спојувања во Европа, за да може континентот да е поконкурентен во однос на Азија и САД во области, како производството на чипови, вештачката интелигенција и развојот на батерии.

„Мислам дека ќе имаме спојувања“, рече Меркел за време на состанокот со гласачите во западниот германски град Триер, цитирана од „Bloomberg“. Во својот говор, канцеларката, исто така, ја повика Европската унија да погледне пошироко кон консолидирање на индустријата.

„Ако сакаме да продолжиме со темпото, треба да бидеме во можност да развиеме „глобални играчи““, рече таа.

Германскиот лидер, исто така, посочи дека не се согласува со политиката на конкуренција на ЕУ која треба да се ревидира. Како пример таа го посочи телекомуникацискиот пазар во Кина и Европа, посочувајќи дека мал број на добавувачи опслужуваат близу 1,3 милијарди кинези, додека во ЕУ има 27 при население од 500 милиони лица.

„Европскиот закон за конкуренција понекогаш е многу фокусиран на конкуренцијата меѓу компаниите“, рече Меркел, додавајќи дека има многу големи компании и дека треба да продолжат да работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП