Во есенскиот извештај на ММФ “Перспективи на светските економии”, најнизок економски раст во 2018 година во Западен Балкан ќе забележи Македонија со 1,6 отсто, додека највисок Србија, Албанија и Косово со 4,0 отсто.

Според последната проценка на Меѓународниот монетарен фонд, се предвидува годинава растот на БДП на Босна и Херцеговина да изнесува 3,2 отсто.
Хрватска очекува економска експанзија од 2,8 отсто оваа година, а Црна Гора од 3,7 отсто, според извештајот на ММФ, објавена на веб-страницата на финансиската институција по повод годишната конференција на Фондот и Светската банка во Бали, која е во тек.