4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на оваа компанија може да се зголемат за околу 50% за...

Акциите на оваа компанија може да се зголемат за околу 50% за 12 месеци

Акциите на „General Electric Co.“ ја завршија вчерашната сесија со зголемување од 3 отсто, а главната причина се должи на позитивните коментари на аналитичарот од „Barclays“.

Џулијан Мичел изјави за клиентите на компанијата дека пазарот веќе ги зел во предвид евентуалните нови потенцијални закани пред „GE“ и дека останува оптимист за нивните акции, по доаѓањето на новиот извршен директор, кој би можел да биде катализатор за подобра иднина на компанијата.

Минатата недела од „GE“ ја најавија смената на Џон Фланари кој ја презеде компанијата само пред 14 месеци, за да го заменат со Лери Калп, кој пред тоа ја имал истата позиција во производствениот гигант „Danahar“.

Од „Barclays“ посочуваат дека се уште не се знае дали прогнозите на „GE“ за 2018-та година ќе бидат намалени, но во моменов се очекуваат 0,75 долари заработка по акција за целата година, слободните парични средства од 0,50 долари по акција и намалување на дивидендата со околу 75%.

Растот на акциите во понеделникот е проследен со порастот од 16 отсто во минатата недела. Ова е, исто така се најдобрите перформанси на акцијата во последниве 9 години. До денес акциите на „GE“ забележаа пад од 24.5% од почетокот на годината, во позадина на растот од 7,9% за „S&P 500“.

Прогнозата на Мичел во следните 12 месеци изнесува 16 долари по акција, што е 17,5 отсто над вчерашната цена. Оптимистичко сценарио, вклучувајќи и подобрување на профитабилноста, што може да ја доведе акцијата до над 20 долари, што е речиси 50% над сегашните нивоа предвидува тој, цитиран од „Investopedia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП