27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТодориќ успеа - Агрокор нов сопственик на словенечки Меркатор

Тодориќ успеа – Агрокор нов сопственик на словенечки Меркатор

todo1

Агрокор денес во Љубљана потпиша договор за купопродажба на 53,12 проценти од акциите на словенечкиот Меркатор со сопственост на конзорциум од 12 продавачи. Агрокор ќе му плати на Меркатор по 120 евра за акција, под условите кои се одредени со договорот, што значи дека Агрокор ќе плати 240 милиони евра за 53,12 проценти од акциите, односно 452 милиони евра за 100-процентен дел во компанијата.

Со реализација на договорот, заедно со Меркатор, Агрокор ќе остварува годишни приходи од 7 милијарди евра и ќе вработи повеќе од 60 илјади луѓе. Оваа асоцијација оди во корист на клиентите, вработените, производителите, заемодавците и останатите акционери, и со нив ќе стане најголемата малопродажна компанија во Централна и Источна Европа.

Комплементарноста на компанијата е додатна сила и потенцијал кој ќе овозможи подобрување на профитабилноста, како и, додатна финансиска стабилност, и со тоа, воедно, ќе овозможи и понатамошно ширење на пазарите во регионот, со отворање на можности за влез на нови пазари.

За време на потпишувањето на договорот Ивица Тодориќ, претседател на Агрокор Групацијата, рече: „Им се заблагодарувам на деловните луѓе од Меркатор, кои одлучија да ни искажат доверба и да ни дадат можност заедно со Меркатор, користејќи заедничка позиција, да ја подигнеме ефикасноста на своето работење и да ја зачуваме конкурентноста во регионот и пошироко, на пазарите во Европа“.

„Им честитам на вработените во Агрокор Групацијата кои со своето работно искуство, мотивираноста, развојните амбиции, а посебно со визијата, направија темели за историски чекор напред“, заврши Тодориќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП