Успешните луѓе не се родени под срeќна ѕвезда, туку имаат одредени навики и карактеристики кои им помагаат да бидат онакви какви што се.
Тие се амбициозни
„Цели кон Месечината. Дури и да ја промашиш, ќе завршиш меѓу ѕвездите“.
Значи, ако во животот навистина сакате нешто да постигнете, за почеток доволно е да имате соништа. Тие не се плашат од лудите соништа и не се оптоваруваат со границите на она што можат да го постигнат.
Веруваат
Ако имате соништа и идеи за тоа што сакате да го постигнете, следниот чекор кон нивното остварување е цврстата верба.
Не се плашат од соочување со стравовите
„Граници не постојат, ние сами сме ги измислиле“.
Најголемата препрека на патот до остварување на своите соништа сме ние самите и нашите стравови кои не кочат и не ни дозволуваат да одиме понатака.
Подготвени се да ја признаат грешката
Вистинските луѓе знаат кога погрешиле и подготвени се да преземат одговорност за своите постапки.
Имаат позитивен став
Успешните луѓе најчесто се оптимисти. Секогаш го очекуаат најдоброто и цврсто веруваат дека ќе успеат да го остварат она што го замислиле.