27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Leaf е најуспешниот електричен автомобил во Европа во 2018-та

Nissan Leaf е најуспешниот електричен автомобил во Европа во 2018-та

Новиот „Nissan Leaf“ е најпродаваниот електричен автомобил во Европа за 2018-та година, покажува статистиката за првите 8 месеци.

Од компанијата најавија дека за периодот јануари-август од моделот се продадени близу 26.000 возила на Стариот континент. Од нив, 8.000 се за автопарковите на големи компании, а остатокот на приватни клиенти. Ова значи дека на секои 10 минути во Европа се продава по еден „Leaf“.

Електричниот хечбек го освои првото место по продажба за секој месец одделно. Земјите со најмногу продажби се Австрија, Франција, Германија, Холандија, Португалија и Шпанија. Во друга европска земја – Норвешка, новиот „Leaf“ е прв во сите модели во 2018-та година.

Оснвната причина за големиот интерес за новиот модел е зголемената километража, кој достигнува до 270 километри со едно полнење (по новиот стандард WLTP). Тој може да се постигне со литиум-јонска батерија со капацитет од 40 kW/h. Другите иновации во „Leaf“ се полуавтономни системи за возење и паркирање.

Електромобилот, кој беше награден со 5 ѕвезди на тестовите „NCAP“ за безбедност, е достапен во 51 земја од целиот свет. Од 2010-та година, кога моделот се појави на пазарот, досега од првите две генерации на „Leaf“ се продадени вкупно 350.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП