Консултантската фирма “Interbrand” објави ново рангирање на највредните брендови во светот, а меѓу првите 100 доминираат технолошките компании на чело со “Apple”.
Со вредност на брендот од околу 215 милијарди американски долари, Apple е прва на листата на овогодишниот извештај, и прва која го надминува прагот од 200 милијарди долари.
Во 2018 година, големата хај-тек четворка – Apple, Google, Amazon и Microsoft, ги заземаа првите четири места на листата 100 највредни брендови. Заедно, тие имаат вредност од околу 564 милијарди долари.
Амазон имаше највисок раст на вредноста на брендот.
“Interbrand” го објаснува спектакуларниот раст на брендот Амазон со редефинирањето на трговските закони, каде Амазон се смета за лидер во однос на искуството со клиентите, иновациите и сигурноста.