16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанките манипулирале со каматите?

Банките манипулирале со каматите?

bankite1

Сингапур соопшти дека 20 банки се обиделе да манипулираат со локалните каматни стапки, со што влегуваат во глобалниот скандал со местење на камати.

Монетарната власт на Сингапур (МАС) наведе дека едногодишната истрага покажала дека 20 банки, вклучувајќи ја и Банката на Америка „JP Morgan Chase“ и „Standard Chartered“, имаат недоволно внатрешна контрола и принципи за управување со ризиците кои на банките им дозволуваа да се обидуваат да манипулираат со каматните стапки, пренесува агенцијата Франс прес.

„МАС ги опомена банките и им наложи да ги усвојат мерките кои би ги пополниле нивните недостатоци“, наведе сингапурската централна банка, додавајќи дека истрагата покажала дека 133 трговци од тие банки учествувале во обидите, на недозволен начин, да влијаат на клучните каматни стапки.

Три четвртини од тие трговци дале отказ или се отпуштени, додека преостанатите очекуваат дисциплинска постапка, вклучувајќи го и губењето на бонусите.

„Ударот“ кој МАС им го зададе на банките е најнов во глобалната кампања која ја спроведуваат финансиските власти во светот за да го спречат манипулирањето со каматните стапки, поради кои, банки како што се „Royal Bank of Scotland“, „UBS“ и „Barclays“, платија казни вредни милиони долари.

„Иако нема конечни докази дека местењето на каматни стапки е успешно, однесувањето на трговците покажа недостаток на професионална етика. И покрај тоа, обидот за манипулирање со стапките не е основа за кривично гонење“, наведува МАС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП