3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвајца Американци доботници на Нобелова награда за економија

Двајца Американци доботници на Нобелова награда за економија

Нобеловата награда за економија денеска беше доделена на двајца американски универзитетски истражувачи.

Вилијам Нордхаус од Универзитетот Јеил е награден поради тоа што во долгорочната макроекономска анализа ги вклучи и климатските промени, а Пол Ромеро од Универзитетот во Њујорк за интеграција на технолошките иновации во макроекономската студија.

Двајцата ќе ја поделат Нобеловата награда од девет милиони шведски круни (еден милион долари).

Со доделувањето на наградата за економија, беше завршен овогодинешниот циклус за доделување на Нобелова награда.

“Меморијалната Нобелова награда за економски науки” е воведена седум децении подоцна, со одлука на Централната банка на Шведска, и прв пат доделена во 1969 година.

Постои дебата за тоа дали економијата е “вистинска наука” во смисла по која се доделуваат Нобеловите награди за конкретни достигнувања во медицината, хемијата и физиката. Оваа награда често се доделува за високо апстрактн трудови во економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП