18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот судир меѓу САД и Кина ќе биде поради иранската нафта, предупредуваат...

Новиот судир меѓу САД и Кина ќе биде поради иранската нафта, предупредуваат економистите

Можеби тоа на никому не му е потребно, но односите меѓу САД и Кина ќе дојдат до нова критична точка на почетокот од ноември, предупредува влијателниот американски економски неделник „Баронс“.

Оттаму додаваат дека ова ќе уследи откако на сила во потполност ќе стапат американските санкции за Иран, со цел иранските извори на нафта да се сведат на нула.

Иран во моментов извезува 1,7 милиони барели сирова нафта на ден, а Кина, која купува една четвртина од таа количина, полека станува центар на глобалниот отпор кон ваквата еднострана акција на Вашингтон, пишува економскиот неделник.

„Не мислам дека Кина ќе попушти пред барањата на САД, имајќи ги предвид влошените односи меѓу двете земји“, вели Стивен Бренок, аналитичар и трговец на пазарот со нафта.

Се чини дека сцената за голем трговски конфликт е веќе поставена, меѓутоа, двете страни имаат причина во сенка да најдат начини за некои отстапки – Кина како лек за веќе напнатите односи со САД, а Вашингтон за да избегне шок на цената на нафтата. Но, крајниот рок, 4. ноември, кога санкциите од САД стапуваат на сила во Иран, само ја зголемува несигурноста на пазарот за нафта, кој и без тоа е премногу кревок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП