25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез роаминг во ЕУ од јули 2014-та

Без роаминг во ЕУ од јули 2014-та

roaming1

Сите жители на Европската унија од јули 2014-та година ќе плаќаат иста цена за потрошените телефонски импулси и преносот на податоци на интернет без разлика дали се наоѓаат дома или во некоја од 27-те земји-членки.

Оваа одлука за добро информираните не е изнанадување со оглед на тоа дека Европската комисија веќе подолго време ја разгледува оваа мерка во рамките на реформите во телекомуникациите.

Тоа значи дека ќе биде укинат раомингот, а цените за пораки, повици и пристапот до интернет ќе бидат намалени според предлогот кој е донесен за да се оформи единствен телекомуникациски пазар во Европската унија.

Цените во роаминг од земја до земја можат значително да варираат што понекогаш на корисниците им ги зголемувало сметките за неколку пати, иако телефонот го користеле како и секогаш. Одлуката за укинување на роамингот се однесува само за европските корисници, додека жителите на Америка и останатите земји и натаму ќе плаќаат роаминг додека се наоѓаат во Европа.

Претставниците на Европската унија процениле дека тоа ќе доведе до пад на приходот за 2 проценти. Сепак тие очекуваат со ова да ги охрабрат корисниците повеќе да ги користат своите мобилни телефони додека се наоѓаат на патување и така приходите ќе се вратат на исто ниво пред укинувањето на роамингот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП