Законскиот бизнис со марихуана е на пат да го почувствува духот на Стариот континент или барем така сметаат раководителите на некои од најголемите компании за канабис во Канада.
„Зелените“ шефови очекуваат Европа и нејзините 500 милиони жители да се покажат достапни за нивниот бизнис за само неколку години. Медицинската марихуана веќе е легална во голем број држави од Европската унија – мерка која е вовед кон целосната легализација на канабисот во Канада и некои Американски Држави, посочува „Bloomberg“.
Пристапувањето на Европа кон пазарот на легална марихуана може да доведе до милијарди долари во нови продажби, носејќи потенцијалната можност да внесат хаос во други сектори, како фармацевтскиот, алкохолниот и тутунскиот.
Брус Липтон, главниот извршен директор на „Canopy Growth Corp.“ очекува Велика Британија да има полноправен пазар на канабис, како тој во Канада во моментов, но во следните пет години.
„Европа е голема работа“, рече Липтон на Лондонската конференција за инвеститори.
Компанијата на Липтон веќе има присуство во 11 земји, вклучувајќи ги Данска, Германија и Чешка. Бизнисите во секторот за медицинска марихуана имаат потенцијал да растат. Операцијата на околу 1.000 германски аптеки придонесува околу 10% од продажбата на „Canopy Growth Corp.“ во последниот квартал, вели Липтон.
Уште пооптимистички прогнози нуди Себастијан Луис, извршен директор на „Hexo Corp.“, според кој законската марихуана за рекреативни цели ќе е факт во Велика Британија за три години. Тоа е доволно време за Европејците да влезат во растечкиот пазар на канабис, благодарение на кој „Hexo“ има пазарна капитализација од 1,2 милијарди долари.
Според Луис, Европа се уште не заостанува, но тоа ќе се случи, ако континентот не преземе акција во наредните две-три години. Според неговата оценка, пазарот на марихуана во ЕУ би можел да достигне до 110 милијарди долари годишно.