12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите очекуваат брзо разрешување на политичката ситуација

Компаниите очекуваат брзо разрешување на политичката ситуација

Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа ќе се одрази врз извозната активност на компаниите, но можно е многу повеќе да влијае на нивниот раст и развој, на реализирањето на инвестициите и отворањето нови пазари, смета Стопанската комора на Македонија.

Комората, како што беше речено денеска на прес-конференција,сепак, очекува брзо надминување на овој неизвесен период.

– Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа би влијаело на извозната активност на компаниите. Можеби ќе влијае повеќе на нивното охрабрување да инвестираат во капацитетите и да растат, да сакаат да отворат нови пазари, но се надеваме дека брзо ќе го надминеме овој неизвесен период, истакна претседателот на Клубот на извозници при Комората Глигор Цветанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП