Данска, а особено Копенхаген, има проблем и тој е поврзан со недостатокот на живеалишта.
И покрај зголемената популарност на данската престолнина, сепак има решение за овој проблем, така што градот планира изградба на остров на кој треба да се населат 35.000 жители во иднина, соопшти премиерот на земјата Ларс Расмусен.
Островот ќе се вика „Lynetteholmen“, а изградбата ќе започне во 2035-та година и се очекува да биде завршена во 2070-та година, што е над половина век од денес.
Трошоците за проектот се очекува да надминат три милијарди долари, се вели во соопштението на владата.
Тој ќе биде финансиран од општината и од државата, кои ќе имаат подеднакво учество во него.
Новиот кварт на Копенхаген ќе располага со плажа и метро станица и се очекува да го намали недостигот на станови во градот, во позадина на зголемениот раст на населението и ниските камати за кредитите со што се овозможува купување на истите.
Демографските предвидувања за данската престолнина се дека до 2045-та година, уште 170.000 луѓе ќе се преселат во Копенхаген за да бараат подобро платени работни места.
Островот се очекува да биде изграден така што ќе го заштити градот од невреме и зголемувањето на нивото на морето, пишува „Блумберг“.