4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во еврозоната

Раст на инфлацијата во еврозоната

ev1

Инфлацијата во 17-члената еврозона во мај забрза на 1,4 проценти од 1,2 проценти кои беа забележани во април, покажаа официјалните податоци во Брисел.

Стапката на инфлација, сепак, остана под целта на Европската централна банка од два проценти четири месеци по ред, а исто така и под стапката од мај 2012 година од 2,4 проценти, се наведува во извештајот на Европскиот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс Прес.

Аналитичарот од компанијата „Global Insight“, Хауард Арчер, наведе дека податоците не укажуваат на раст на основниот инфлаторски притисок.

Еврозоната ќе продолжи да се бори да оствари економски раст во претстојните месеци, додаде тој.

Најголем раст на инфлацијата во мај забележаа Естонија (3,6 проценти) и Холандија (3,1 проценти), додека од друга страна, во Грција цените се намалија за 0,3 проценти, а на Кипар за само 0,2 проценти.

На ниво на целата Европска унија, инфлацијата во мај се зголеми за 1,6 проценти од 1,4 проценти кои беа забележани во претходниот месец. Во мај 2012 година стапката на инфлацијата во ЕУ изнесуваше 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП