19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство изненадувачки забележа пад во август

Германското индустриско производство изненадувачки забележа пад во август

Германското индустриско производство забележа неочекувано намалување во август по трет месец, а според податоците на Министерството за економија на летото како целина била послаба сезона.

Според податоците, падот на производството изнесуваше 0,3%. Ова е под прогнозата на „Ројтерс“ за раст од 0,4%. Резултатите се објавуваат по надолна ревизија од 1,3% во јули и главно се должат на намалување на градежната активност.

Друга причина за слабите податоци е и забавувањето на производството во автомобилскиот сектор, поврзано со најтешките прилагодувања на производителите кон новите стандарди за емисиите на штетни гасови „WLTP“ (Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure).

Од податоците цитирани од германскиот завод за статистика, јасно е дека производството во индустриите без енергија и градежништво се намалиле за 0,1%. Кај капиталните производи падот изнесуваше 0,7%. Во исто време, сепак, производството на стоки за широка потрошувачка бележи скок од 1,4%, а репроматеријали 0,1%.

Производството на енергија скокна за 1,3%, а градежништвото падна за 1,8%.

Другите актуелни податоци покажаа дека довербата на германскиот бизнис останува стабилен, продажбата на мало се намалуваат, а растот во производствениот сектор исто се намалува.

Германската влада ги промени своите предвидувања за економски раст за оваа и следната година, објави извор на „Ројтерс“. Официјалните претставници се очекува да ги објават новите податоци во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП