2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг чука на вратата на Холандија

Јавниот долг чука на вратата на Холандија

holandija1

Холандската независна канцеларија за буџетско планирање ја намали економската прогноза за 2013 година.

Канцеларијата очекува дека холандската влада во 2014 година ќе забележи јавен дефицит од 3,7 проценти, поголем од границата на Европската унија, која изнесува три проценти.

Централното биро за планирање наведува дека економијата во оваа година ќе потоне за еден процент, во однос на претходната прогноза на негативниот економски раст од 0,5 проценти, пренесува агенцијата АП.

Владата во Хаг ги разгледува новите мерки за намалување на фискалниот дефицит, но не е јасно дали во парламентот ќе наиде на доволна поддршка за мерките да бидат усвоени, бидејќи голем број на економисти сметаат дека новата рунда мерки на штедење ќе донесе повеќе штета отколку корист.

Опозицискиот пратеник Герт Вајлдерс ја обвини владата дека „со буџетските намалувања ја поделила Холандија на неколку парчиња“.

Меѓутоа, министерот за финансии Јерун Дајселблум вели дека новите намалувања се неопходни.

„Времето на лесни решенија одамна помина“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП