8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSnap очекува да оствари профит во 2019-та

Snap очекува да оствари профит во 2019-та

Главниот извршен директор на „Snap“, Еван Шпигел испратил до вработените на компанијата текст од 15 страници, во кои тврди дека таа ќе оствари добивка во 2019-та година. Покрај тоа се извинува за редизајнот на мобилната апликација „Snapchat“, пишува „CNBC“.

Во текстот испратен на 26-ти септември, Шпигел наведува дека редизајнот бил „пребрз“ и ги укажа и другите проблеми на апликацијата.

Ова доведе до првото намалување на бројот на дневни корисници на „Snapchat“.

„Најголемата грешка која ја дозволивме со нашиот редизајн, е компромисот со една од нашите главни вредности – да сме најбрзиот начин за комуникација“, пишува Шпигел.

Според неговите зборови, компанијата очекува добри резултати за четвртиот квартал од 2018-та година и да оствари профит во 2019-та година.

Меѓутоа, акциите на „Snap“ се продаваат под 8 долари за прв пат во нивната историја.

Во меѓувреме, компанијата работи на нов дизајн на делот „Discover“, кој се фокусира на профилите на компаниите и познатите личности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП