25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Струмица e промовиран првиот Бизнис иновациски центар

Во Струмица e промовиран првиот Бизнис иновациски центар

Во хотелот „Сириус“ синоќа беше промовиран Бизнис иновациски центар, прв од таков вид во Република Македонија.

Според директорката на Центарот, Ксенија Вангелова, одлуката за формирање на Бизнис иновацискиот центар е донесена пред четири години и во овој период се изработени повеќе истражувања и се детектирани многу проблеми.

-Поддржани сме со техничка поддршка од реномирани експерти, кои треба да ја воведат европската методологија, обука и сертификација на кадри преку кои ќе ги имплемнтираме програмите зацртани врз основа на стратешките петгодишни планови и ќе ги развиваме заедно со малите и срдни претпријатија, академскиот и јавниот сектор, рече директорката Вангелова.

Додаде дека целта и улогата на Центарот е поттикнување на иновациите и истите да се претворат во производ, да се отворат пазарите надвор од Македонија и да се подобри конкуретноста.

Присутните на промоцијата ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски, кој во своето обраќање потенцираше дека овој центар има големо значење за економскиот развој на општина Струмица.

-Поттикнувањето на претпприемништвото и иновациите, поддршката за создавање нови иновативни и високотехнолошки компании, создавањето услови за отворање на нови работни места, креирањето развојни стратегии на компаниите, се само дел од многуте цели на постоењето на овој Бизнис иновациски центар Струмица, кои исто така се во функција на значителен растеж на економијата во нашата општина, рече градоначалникот Јаневски.

На промоцијата присуствуваа стопанственици и претставници на образовни институции од регионот, како и Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Во рамките на активностите на Бизнис иновацискиот центар ќе биде презентиран проектот „Agritech на Europe startup award“ за поттикнување новитети во земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП