19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај увозните царини трговскиот дефицит на САД расте трет месец

И покрај увозните царини трговскиот дефицит на САД расте трет месец

И покрај увозните давачки воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, трговскиот дефицит на САД се зголеми трет месец, достигнувајќи 53,2 милијарди долари во август, пренесоа американските медиуми, цитирани од агенциите.

Ова претставува зголемување од 6,4 отсто во август под влијанието на падот на извозот и зголемувањето на увозот, соопшти Министерството за трговија. Министерството, истакнува дека трговскиот дефицит со САД и Мексико е рекорден.

Дефицитот на стоки и услуги достигна 53,2 милијарди долари по падот на извозот од 0,8 отсто до 209,4 милијарди долари и порастот на увозот за 0,6 отсто до 262,7 милијарди долари. Со акумулација од почетокот на годината дефицитот нагло порасна од 8,6 отсто до 391,07 милијарди долари.

Дефицитот е поголем од очекуваниот, бидејќи аналитичарите прогнозираа тој да достигне 52,6 милијарди долари. Заедно со дефицитот во февруари (54,96 милијарди долари), показателот за август исто е рекорден на месечна основа.

Администрацијата на Трамп го истакнува рекордниот извоз на услуги во август, но и падот на извозот во секторот на храната и пијалоците.

Покрај тоа, како и претходниот месец, извозот на соја е намален, најверојатно под дејство на трговскиот конфликт со Пекинг, главен увозник на американската соја.

Во исто време, увозот на стоки достигна нов максимум, најмногу во автомобилскиот сектор (автомобили и авто делови). Освен тоа американските потрошувачи купувале повеќе мобилни телефони и стоки за широка потрошувачка.

Дефицитот на стоки и услуги со Кина достигна во август 38,6 милијарди долари, што е апсолутен рекорд. Од оваа сума 34,4 милијарди долари се само кај стоките. Овие нови податоци едвај ќе ги смират трговските тензии меѓу Трамп и трговските партнери на САД, претежно Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП