2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени индексите на цените на угостителските услуги

Зголемени индексите на цените на угостителските услуги

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто, алкохолни пијалаци за 1,5 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, додека намалување е забележано во групата ноќевања за 0,3 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за два отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП