26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР: Посебен сообраќаен режим поради најавени манифестации во Скопје

МВР: Посебен сообраќаен режим поради најавени манифестации во Скопје

Поради одржувањето на најавени манифестации во Скопје, за време на викендов, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим како во насока на непречено одвивање на манифестациите така и со цел да се избегнат сообраќајниот метеж и застои.

„Денеска и утре во период од 7:00 до 17:30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ‘Скопје 2018’. Натпреварувачката траса ќе биде од потегот на крстосницата на булеварот Крсте Петков – Мисирков со булеварот Гоце Делчев, право до крстосницата на булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица до надвозникот на железничката пруга на исток (кај Железничката станица), северно продолжува до кружниот тек (кај хотел ‘Континентал’), јужно до крстосницата на улицата Владимир Комаров и улицата Беласица во Скопје. Притоа, сообраќајната полиција покрај затворањето за сообраќај на делниците предвидени во тркачката траса ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и на сообраќајните во близина на трасата.

Според информациите, в недела во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во период од 7:30 до 11:00 часот, ќе се одржи улична трка на 10 километри насловена како „Скопје трча 10К 2018“. Трасата на трката е од булеварот Илинден на потегот од крстосницата со улицата Наум Наумовски Борче до крстосницата со улицата Љубљанска во Скопје, при што за сообраќај ќе биде затворен булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Климент Охридски до крстосницата со улицата Никола Парапунов.

И во овој случај покрај затворената делница за сообраќај посебно ќе биде регулиран режимот на сообраќај на сообраќајниците во непосредна близина на трасата.

И исто така в недела, во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“, во период од 10:00 до 15:00 часот во рамки на кампањата за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2018 – чекори против ракот на дојка“, ќе се одржи марш со траса на движење од објектот Школка во Градскиот парк во правец кон Зоолошка градина, покрај ТК „Југ“, десно по патеката покрај Зоолошката градина сè до паркингот пред Градско собрание каде што се врти десно. Потоа маршот ќе се движи право по булеварот Илинден покрај бараките на Градско собрание сè до Фонтана и се врти десно покрај чешмата во правец на Школка, каде што и ќе се одвива централниот настан. Од тие причини сообраќајните полицајци ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот околу делницата предвидена со маршот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници  по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП