23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.6 милиони евра

ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.6 милиони евра

АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 19.080 мегават часови, за вкупна сума од 1.621.956 евра.

На аукцијата биле понудени количини за ноември 2018 година.

„Постигнатите цени по кои беше продадена електричната енергија беа 74,50; 70,50; 92,60 и 92,50 евра за мегават час“, соопштија од компанијата.

АД ЕЛЕМ во текот на оваа година, седум пати продаде вишоци електрична енергија на отворениот пазар. Преку овие аукции, беа продадени вкупно 339.040 мегават часови електрична енергија, во вкупна вредност од 19.778.649 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП