„Aston Martin“ и „Bosch Engineering“ ги здружија силите и како резултат на нивниот заеднички проект настана „Aston Martin DB9 plug-in hybrid prototype“.
Овој „DB9“ комбинира 6.0L V12 бензински агрегат, два електромотори кои ги придвижуваат предните тркала (па така „DB9“ има погон на сите четири тркала), како и литиум-јонска батерија, додека тежината на возилото е за околу 300kg поголема од стандардниот „DB9“.
Комбинираната снага изнесува повеќе од 740KS (552 kW), а забрзувањето од 0 дo 100 km/h трае околу 3.7 секунди, сепак податокот за најголемата брзина не беше објавен.
Можно е и возење само на електропогон со кој може да се помине околу 25.7 km.
Покрај тоа што е помоќен од фабричкиот модел овој „DB9 plug-in hybrid prototype“, според информациите од фабриката има и подобро управување, нов инфо систем и „ESC“ систем со четири различни начини („safe“, „sport“, „drift“ и „custom“).