19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го изберете вистинското име за вашиот бизнис?

Како да го изберете вистинското име за вашиот бизнис?

Претприемачите често се грижат за мноштво детали за работата и со тоа испуштаат еден од најважните аспекти во работењето.

Вистината е дека вистинското име (назив) на бизнисот некогаш може да биде клучно, кога станува збор за стремење на бизнисот кон успех.

Имињата се прилично моќни. Копирајтерите тоа го знаат. Секое име има посебна важност. Доколку имате одлично име, неговото брендирање ќе биде само по себе продукт на вашето рекламирање.

1. Името треба да звучи добро кога е кажано на глас – буквално вежбајте и изговарајте го неколку пати едноподруго. Замислувајте како би звучело кажано на радио, на ТВ или во разговор.

2. Користете име кое нешто значи и носи корист – како интересен (но негативен) пример тука се издвојува преименувањето на Boston Chicken во Boston Market, кое е премногу генеричко име. Не се обидувајте со името да бидете се за сите.

3. Избегнете го Web 2.0 синдромот – повеќето корисници сеуште го спелуваат Flickr како Flicker а Del.icio.us како Delicio.us. Избегнувајте вакви збунувачки имиња.

4. Бидете претпазливи со иницијали – според многумина, тие се досадни. Да, можеби тоа им успеа на IBM но тоа е мулти-милијардерска корпорација која постои со декади. За мали бизниси, тоа е непрепорачливо.

5. Користете спецификации – не користете генеричко име кое не означува ништо конкретно. Користете имиња од типот на “Совршени стомачни за 10 минути“ наместо само “Совршени стомачни“ (како евентуален пример за фитнес-прирачник).

6. Бидете сигурни дека името може да биде заштитено како трговска марка – во зависност од тоа колку сакате да изградите бренд, ова е од голема важност.

7. Тестирајте го името на Google AdWords – проверете претходно да не постои бизнис со слично или исто име, или пак со име кое лесно може да биде смешано со вашето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП