2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка

Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка

Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка преку настани организирани од Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Петтооделенци од училиштето „Александар Македонски“ ја посетија станицата за мониторинг на квалитетот на воздухот во населбата Лисиче. Тие се информираа на кој начин се мерат загадувачките супстанци и како овие податоци се пренесуваат во центрите задолжени за нивна обработка. Исто така, ученици од „Блаже Конески“ посетија погон на фабрика, каде освен со процесот за производство на чаеви се запознаа и со историјатот на бар-кодовите.

Одбележувањето на Денот на европска соработка се организира седма година по ред во цела Европа во координација на Европската комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент. Целта на оваа кампања е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавноста.

Фотографиите и видеоматеријалите од настаните ќе бидат прикажани на завршниот настан на 12 октомври во Дојран во организација на Министерството за локална самоуправа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП