1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot го зголемува производството на 2008

Peugeot го зголемува производството на 2008

pezoo

Поради зголемената побарувачка на новиот кросовер 2008, „Peugeot“ ќе го зголеми месечното производство на овој модел во Франција од 5000 на 10.000 единици.

Шефот на француската автомобилска компанија, Максим Пикат, изјави дека месечното производство на „Peugeot 2008“ ќе биде дуплирано од септември 2013-та година. А тоа ќе го постигнат така што ќе воведат уште една смена во фабриката „Mulhouse“ која се наоѓа во источна Франција.

Пикат вели дека оваа одлука е заснована врз досегашното побарување за овој модел и тој додава дека „Peugeot“ веќе добиле порачка за 16.000 возила и тоа од продавачи во чии салони овој автомобил се уште не е изложен.

„Peugeot“ верува дека во 2015-та година ќе пласираат преку 200.000 примероци од овој модел. Половина од нив ќе се изработуваат во француските погони, 45.000 единици на пазарот ќе пристигнат од фабриката во Бразил, додека останатите 55.000 примероци ќе се произведуваат во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП