19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПри бизнис со Арапите постојат 30 правила на игра

При бизнис со Арапите постојат 30 правила на игра

Подгответе се за најдобрите преговарачи во светот. Арапите се родени трговци и преговарањето првенствено го гледаат како добра забава.

Не постои сомнеж дека постојат големи културни разлики, но ниту една не е несовладлива.

1. Исламскиот закон го регулира секој аспект од животот, вклучувајќи го и арапскиот бизнис.

2. Арапите се подготвени да ви веруваат, доколку почуствуваат дека довербата е на двете страни.

3. Ја вреднуваат блискоста и дружбата, поради која во почетните преговори настојуваат што е можно подобро да ги запознаат поценцијалните партнери.

4. Подароци се разменуваат доколку сте се запознале на претходните состаноци, не ги препуштајте работите на случајност, туку подгответе подарок.

5. Бидете трпеливи. Дајте им време и не ги притискајте со рокови за договорот. За многумина состаноците со Арапите се фрустрирачки поради тоа што траат многу долго и често почнуваат со доцнење.

6. Препорачано е сите пишани материјали и документи покрај англискиот јазик да ги испечатите и на арапски. Исто така присуството на преведувач е добредојдено.

7. Не сакаат „долги“ и „мачни“ договори, тоа само ќе предизвика недоверба. Тоа не значи дека при составувањето на договорот нема да бидат внимателни кон сите детали и акти во договорот.

8. Арапите се визуелни типови, затоа користете живописни презентации со што е можно повеќе анимација.

9. Ракувањето е подеднакво важно како и потпишувањето на договорот. Ќе ги навредите доколку преку адвокат го испратите договорот, наместо лично да ја потпишете соработката.

10. На Арапите многу важна им е хиреархијата, затоа е важно во преговорите да бидат вклучени главните раководители.

11. Не е препорачано присуство на жени во преговарачкиот тим, особено доколку планирате работа со Саудијци, според нивната култура жените се под мажите и тешко ќе прифатат да бидат рамноправни со нив.

12. Арапите ги почитуваат членовите на своето семејство, роднините, пријателите и сонародниците, толку што се подготвени да го прекинат секој бизнис состанок, доколку некој од нив ги повика или дојде кај нив во канцеларија. Па така метежот во канцеларијата нека не ве изненадува, тоа е сосема вообичаено во арапскиот свет.

13. Избегнувајте валкани трикови во преговорите или предлагање на истите. Арапите водат сметка на друштвениот имиџ и негативно ќе реагираат на такви инсинуации.

14. Во секојдневниот живот во арапските земји религијата игра значајна улога. Верата не им дозволува конзумација на алкохол и свинско месо, па поради тоа не ги нудете со тоа.

15. Арапите се молат пет пати на ден во точно одредено време, поголемиот дел од нив поради молитвите ја прекинуваат секоја своја активност. Ако се случи тоа во текот на состанокот немора да бидете нестрпливи, не го прекинувајте обредот и знајте дека од вас не се очекува истото.

16. Арапите веруваат во сите божји волји, затоа навикнете се на фразите од типот: „Insh-Allah“ – ако Бог даде.

17. Арапите нетолерираат ароганција и дрскост, ваквото однесување им сугерира дека потенцијалните деловни партнери мислат дека се посупериорни од нив.

18. Доколку на почетокот се сретнете со нивно одобрување, не се занесувајте. На Арапите „да“ им значи „можеби“.

19. Имаат обичај многу повеќе да кажат во невербална комуникација, гестикулација, мимика. Обрнете внимание на говорот на телото, тонот на кој говорат.

20. Немојте да се збуните доколку за време на разговорот влезат во вашиот „личен простор“ и дојдат близу до вас, тоа е работа на нивната култура и со разбирањето на овој обичај работите ќе течат полесно.

21. Бидете подготвени вашите парнтери да ве прегрнат и бакнат во двете рамена, возвратете на ист начин.

22. Никогаш немојте да им ги додадете документите со левата рака.

23. Доколку седите спротив нив водете сметка на начинот како ги прекрстувате нозете, табаните несмеат да бидат свртени кон нив.

24. Иако за време на јадењето добивате вилушка и нож, бидете подготвени да јадете со раце, исклучиво со десната. Следете го однесувањето на домаќинот на трпезата.

25. Работната недела кај Арапите трае од сабота до четврток, па така не се потпирајте на тоа дека недела ви е слободен ден.

26. Поголемиот дел од Арапите го носи своето традиционално одело, „dishdasha“ или „khandura“, но од вас се очекува да носите стандардно бизнис одело.

27. Заборавете на разговорите за политика, религија и се што е контроверзно, овие теми ќе направат да се почуствувате непријатно. Критикување некого јавно е неприфатливо за арапскиот свет, поради тоа не ги доведувајте во незгодна систуација.

28. Навредливо е да им поставувате премногу приватни прашања, за семејството се прашува само за здравјето и не повеќе од тоа.

29. Доколку вашиот партнер ве повика во својот дом немојте да очекувате дека ќе ја видите неговата сопруга, не инсистирајте да ви се придружи или да ја запознаете. Тоа се смета за непристојност.

30. Немојте да заборавите дека Арапите неочекуваат да бидете експерт за нивната култура и обичаи, доколку направите некоја грешка доволно е искрено да се извините и да покажете почитување. Имајте на ум дека и тие се внимателни и загрижени со некој гест да не ве навредат.

Кога успешно ќе ги поминете преговорите и сите културни бариери, можете да уживате во новото пријателство и да се препуштите на далеку познатото арапско гостопримство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП