5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: „Турски тек“ и „Северен тек 2“ се од витално значење за...

Русија: „Турски тек“ и „Северен тек 2“ се од витално значење за Европа

Сe поголемата побарувачка за гас во Европа, налага изградба на нови гасни рути, оцени заменик извршниот директор на „Гаспром“, Александар Медведев, наведувајќи дека „Турски тек“ и „Северен тек 2“ се од витално значење за стариот континент.

Според неговите зборови, дополнителниот годишен увоз на гас во Европа ќе порасне за 60 милијарди кубни метри гас до 2025 година и за 80 милијарди кубни метри гас до 2030 година.

Рускиот министер за енергетика, Александар Новак претходно изјави дека потенцијалниот раст на увоз на гас во Европа, во следните 10 години е проценет на 100 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП