19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром и ОMV потпишаа договор за продажба на средства

Газпром и ОMV потпишаа договор за продажба на средства

Руската компанија за гас „Газпром“ и австриската „ОMV“ потпишаа договор за продажба на средства. Документот беше потпишан од страна на шефот на „Газпром“, Алексеј Милер и од извршниот директор на „OMV“, Рајнер Зеле по разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Себастијан Курц во Санкт Петербург, пренесоа агенциите.

Коментирајќи ја трансакцијата, Путин потсети дека по преговорите во Виена во текот на летото двете компании имаа склучено договор за продолжување на долгорочните договори во Австрија до 2040-та година.

„Потпишувањето на штотуку новиот договор за вклучување на „OMV“ во развојот на Уренгојското гасно наоѓалиште го потврдува стратегискиот карактер на партнерството на оваа компанија со „Газпром““, истакна рускиот претседател.

Пораката од рускиот гасен гигант вели дека финалниот договор за продажба на средства треба да се заврши следната година.

Во декември 2016-та година, „ОMV“ и „Гаспром“ постигнаа договор за поделба на обврзниците. Според трансакцијата „Газпром“ добива 38,5 проценти од норвешката сестринска фирма на „OMV“, „OMV Norge“. Австриската компанија за возврат добива 24,98 проценти од наоѓалиштата под бројот 4 и 5 во Уренгојското наоѓалиште во Сибир. Во летото минатата година „Газпром“ и „OMV“ планираа потпишувањето на документот за создавање на заедничко вложување во рамките на размената на средства и започнувањето на постапката за усогласување со норвешките власти, потсетуваат агенциите.

По средбата со Курц, Путин рече дека го поздравува ставот на Австрија во поддршка на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Европските партнери на проектот се заинтересирани за неговата реализација, изјави австрискиот канцелар, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Милер додаде дека западните партнери продолжуваат да работат на „Северен поток 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП