17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнологијата ќе додаде една третина на глобалната трговија до 2030-та

Технологијата ќе додаде една третина на глобалната трговија до 2030-та

Технологијата и иновациите ќе ја зголемат глобалната трговија со меѓу 1,8 и 2 процентни поени секоја година до 2030-та година. Ова станува јасно од извештај на шефот на Светската трговска организација, објавен во денеска.

Блокчејн технологијата, вештачката интелигенција, интернет на нештата, 3D печатењето и други технолошки откритија фундаментално ќе ја промени трговијата, изјави генералниот директор на организацијата Роберту Азаведу при претставувањето на текстот.

Според него промената ќе е структурна и ќе е нешто што ќе се одржи во времето, опишувајќи ја како револуција.

„И покрај овој трговски напон ние предвидуваме дека трговијата би можела да расте годишно со 1,8 до 2 процентни поени повеќе до 2030-та година, како резултат на намалување се трговските трошоци, што претставува стекнат раст од 31 до 34 процентни поени во рок од 15 години“, рече Азеведу во предговорот на комерцијалниот извештај, цитиран од „Ројтерс“.

Во исто време, има намалување од 15% во глобалните трговски трошоци помеѓу 1996-та и 2014-та година, се вели во текстот.

На глобално ниво, трансакциите поврзани со онлајн тргувањето изнесуваат 27,7 илјади милијарди долари во 2016-та година, од кои 23,9 илијарди милијарди долари се помеѓу бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП