2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus: Првиот лет на Airbus A350

Airbus: Првиот лет на Airbus A350

a350

Најновиот европски патнички авион „Airbus A350“ денеска за прв пат полета од аеродромот во Тузла.

Овој авион е дизајниран со цел да троши помалку гориво и да биде голем конкурент на моделот од „Boeing – 787 Dreamliner“, кој веќе е во употреба.

Од компанијата велат дека новиот модел има клучно значење за иднинатата на „Airbus“, кој се натпреварува со „Boeing“ во испораките на што поголем број на авиони во светот.

Авионот по пробниот лет од Тузла, се приземји на истиот аеродром. „Airbus“ тврди дека новиот модел троши 25 проценти помалку гориво од актуелната генерација на авиони со широк багажник, пренесува агенцијата Франс Прес.

Како и „Dreamliner“, „A350“ е направен од напредни материјали, како карбонската легура, со цел да се заштеди на тежината. Во авионот се вграден мотори од „Rolls Royce“.

„Airbus“ веќе прими повеќе од 600 нарачки за „A350“, а „Boeing“ прими 890 нарачки за „Dreamliner“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП