3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз се појави како наследник на Лондон по Brexit

Париз се појави како наследник на Лондон по Brexit

Париз се претвора во префериран финансиски трговски центар во континентална Европа, откако некои од најголемите светски банки и менаџери на средства се подготвуваат за живот по „Brexit“, насочувајќи ги операциите од Лондон кон Париз.

„BlackRock“ и „JPMorgan Chase“ се двете банки, кои ќе се приклучат кон „Bank of America“ и „Citigroup“ во изборот на нов центар, соопштуваат извори запознаени со процесот пред за „Financial Times“.

Во текот на летото „Bank of America“ го забрза подготовките за „Brexit“ како ги објави деталите за новиот центар во француската престолнина, кој ќе биде со капацитет од 1.000 луѓе. Ривалот од „Wall Street“, „JPMorgan Chase“ исто изгледа се насочува кон Париз, посочуваат банкарите, иако допрва треба да биде објавено колкав дел од бизнисот ќе биде пренесен во француската престолнина.

„Со текот на времето и во зависност од тоа дали едно место ќе стане нов финансиски центар во Европа ние може да го направиме она што го направивме во Лондон пред 20 година и да се консолидираме“, изјави за „Financial Times“ шефот на инвестициското банкарство на „JPMorgan“, Даниел Пинто.

Се уште нема единствен одговор на прашањето каде ќе се фокусираат новите официјални регистрации на банкарските филијали. Германскиот Франкфурт и Ирскиот Даблин беа меѓу најчестите имиња на градови. Париз сепак изгледа успеа да надвладее што се однесува до трговијата – поради работните места и даноците кои го придружуваат.

„Ако ги прашувате повеќето луѓе во индустријата, број еден избор е Париз“, посочува шефот на голема инвестициска банка, според кого трошоците за работна сила се слични како оние во Велика Британија.

Друг важен фактор за изборот на Париз е и најсофистицираните француски регулатори, кои долго време ги надгледуваат сложените операции на банки, како „BNP Paribas“ и „Société Générale“, посочуваат финансиери.

Плановите на големите банки се поврзани со оние на нивните клиенти – 70 менаџери на средства, од големи групи до мали хеџфондови се во процес на здобивање со лиценца за работа во Париз, посочуваат официјалните претставници. „BlackRock“ е главниот меѓу нив, а компанијата дури планира да ја претвори француската престолнина во свој паневропски центар, посочуваат двајца извори. Тоа значи дека канцеларијата на „BlackRock“ во Париз може да се прошири над шест пати до помеѓу 200 и 300 лица персонал само во рамките на една година.

Сепак според едниот од изворите на „Financial Times“ сличниот развој на настаните е „контроверзен“, бидејќи Лондон ќе продолжи да биде град со најголем број на канцеларии на компанијата, но „е целосно логично од структурна гледна точка“.

Меѓу другите финансиски групи кои го пренасочуваат бизнисот кон Париз, е и „Morgan Stanley“, која планира да го зголеми својот персонал таму со 80 лица. Во исто време од „Goldman Sachs“ посочија дека Франција е приоритет во нивните планови за удвојување на работната сила во континентална Европа.

„HSBC“, која веќе има голема француски гранка пресели таму до 1.000 работни места од Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП