29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин е најголемиот бордел во Европа

Берлин е најголемиот бордел во Европа

berlina

Документарниот филм кој беше емитуван во Германија покажа дека со легализирањето на проституцијата главниот град на земјата, Берлин станал „најголемиот бордел во Европа”.

Законите за трговија со секс беа радикално либерализирани од германската влада во 2002-та година, но документарниот филм „Секс – произведено во Германија“, открива дека секој ден еден милион мажи плаќаат за секс. Филмот е базиран на двегодишната истрага во која со помош на скриени камери е истражуван светот на борделите во Берлин, каде што клиентите плаќаат 49 евра за секс-услугите.

Законите беа либерализирани со надеж да се обезбеди одредена заштита на проститутките кои сега имаат пристап до здравствено осигурување и социјални бенефиции. Но повеќе од десет години подоцна критичарите тврдат дека законот многу им помогнал на шверцерите да доведуваат жени од странство за да се проституираат.

Се проценува дека околу две третини од 400.000 проститутки во земјата доаѓаат од странство. Податоците на Федералната криминалистичка полиција покажуваат дека секс-сообраќајот во 2011-та година во Германија се намалил за една третина во однос на последните десет години.

Областите со црвено светло се зголемија во големите градови на Германија. Се проценува дека во земјата има помеѓу 3000 и 3500 бордели и дека трговијата се претворила во сериозен бизнис.

Според податоците на синдикатот на државните службеници „Верди“ трговијата со секс носи годишен приход од 14,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП