6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвижењето „The Distinguished Gentleman’s Ride“ собра шест милиони долари, Скопје дел од...

Движењето „The Distinguished Gentleman’s Ride“ собра шест милиони долари, Скопје дел од него

Шест милиони долари се собрани како донации во рамки на движењето „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое годинава обедини 110.000 моторциклисти од 630 градови во 100 држави.

Средствата се наменети за подигнување на свеста за машкото здравје и се донирани во Мовембер фондацијата која ги доделува онаму кадешто се најпотребни.

И Скопје во неделата трета година по ред беше дел од ова движење, а Скопјани имаа можност низ градските улици да видат 150 елегантно облечени моторциклисти со укинатни мотори. Почетокот на настанот беше на плоштадот Мајка Тереза пред Македонската Опера и Балет, а парадното возење ги опфати речиси сите улици од централното градско подрачје. Собрани беа 2.242 долари.

За прв пат оваа година партнер на настанот во организацискиот дел беше Градот Скопје и самиот настан со своите веќе три успешни организации полека, но сигурно влегува во мапата на културните градски случувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП