27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија бара повисоко ниво на познавање англиски јазик за добивање државјанство

Британија бара повисоко ниво на познавање англиски јазик за добивање државјанство

Обединетото Кралство ќе бара повисоки познавања на англискиот јазик за оние кои ќе аплицираат за британска виза, соопшти министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид.

Јазичните вештини се клуч за интеграција во британското општество, изјави Џавид на есенската конференција на Конзервативната партија во Бримингам.

Министерот додаде дека границата се поместува погоре за сите оние кои имаат намера да добијат британско државјанство.

„Јазикот е клучна вештина која помага при ефективно вклучување на возрасните и нивните семејства во Британија, а има и позитивен придонес“, изјави Џавид.

„Сакаме да видиме посветеност од сите оние кои сакаат да добијат државјанство и што побрзо да се интегрираат“.

Министерството за внатрешни работи на Велика Британија вели дека оние кои сакаат да аплицираат за иселеничка виза или државјанство мора да докажат дека поседуваат соодветни познавања на англиски јазик.

Според министерот, државата исто така има право да го одземе британското државјанство на лица со двојно државјанство кои биле дел од тежок криминал.

„Оние кои ги кршат или злоупотребуваат законите на оваа земја, не се добредојдени во нашиот дом“, заклучи Џавид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП