26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Jавниот долг достигна рекордни 88,2 % од БДП

Шпанија: Jавниот долг достигна рекордни 88,2 % од БДП

shpanija3

Јавниот долг на Шпанија достигна рекордно ниво во првиот квартал од оваа година, и покрај мерките за штедење на премиерот Маријан Рахој, соопшти централната банка на Шпанија.

Шпанскиот јавен долг порасна на 88,2 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е за 15,2 процентни поени повеќе од истиот период во претходната година, се наведува во соопштението на банката.

Шпанија, како четврта најголема економија во еврозоната, се бори да го намали својот годишен дефицит, продолжувајќи да акумулира нови долгови.

Конзервативната влада вети дека во периодот од 2012 до 2014 година ќе спроведе програма за штедење на 150 милијарди евра, што предизвика масовни протести на улиците.

Меѓутоа, длабоката рецесија го отежна процесот на спроведување на оваа задача, намалувајќи ги даночните приходи на државата и зголемувајќи ги трошоците за социјално осигурување, особено за невработените кои сочинуваат 27 проценти од работната сила. Трошоците за спасување на банкарскиот сектор, исто така, влијаеа на подигнување на нивото на јавниот долг.

Шпанија досега од европскиот спасувачки пакет од 100 милијарди евра, искористи 41,33 милијарди за банкарскиот сектор, кој е оптеретен со лоши кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП