2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го зголемува бројот на визи за квалификувани работници

Германија го зголемува бројот на визи за квалификувани работници

Германската влада ќе го прошири системот за издавање шестмесечни визи со кои им се дозволува на луѓето надвор од Европската Унија да бараат работа, како обид да се надмине недостигот на квалификувани работници.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, рече дека визниот систем, моментално достапен за лица со универзитетска диплома, ќе биде проширен и на лица со стручни квалификации.

Зехофер наведе дека Германија не сака имиграција која зависи од системот за социјална помош. Барателите на виза мора да докажат дека може да се издржуваат и да зборуваат на германски јазик.

Министерот за труд, Хубертус Хајл, рече дека владата се договорила за прагматично решение за одбиените баратели на азил кои имаат работа во Германија и се добро интегрирани.

Тој кажа дека владата има намера да им обезбеди сигурен статус со цел да не се враќаат назад погрешни луѓе, а потоа повторно да се регрутираат квалификувани работници од трети земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП